Пари

Вести од светот на парите и финансиите.

НБРМ: Плаќањето со картички преку Интернет зголемено за 122,6 проценти за време на ковид-19

Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 проценти, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, …

Прочитајте повеќе »

Преку обуки за дигитални вештини, УСАИД и АЕТМ помагаат да се развие е-трговијата

Во време на актуелната КОВИД-19 пандемија, дигиталните вештини се неопходни за опстанок и раст на бизнисите. Поради зголемувањето на трансакциите направени преку Интернет, постои зголемена побарувачка за дигитални вештини – од големи компании кои сакаат да ги подобрат своите кориснички искуства преку Интернет, до стартапи кои бараат начини да ги …

Прочитајте повеќе »

Пораст на платите иако е криза

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари, што е зголемување за 6,6 отсто во однос на истиот месец од минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС). Просечна плата е зголемена и во однос на мај, годинава кога изнесувала 26.390 денари иако македонската економија …

Прочитајте повеќе »

Кризата со корона вирусот не го запре штедењето и кредитирањето

Пораст на штедењето и на кредитирањето во јули, годинава откриваат новите податоци на Народната банка, што укажува дека кризата предизвикана од корона вирусот не беше пречка граѓаните да продолжат да штедат, но и да позајмуваат пари од банките пред сè преку потрошувачки и станбени кредити. Вкупните депозити(штедни влогови) овој месец се повисоки …

Прочитајте повеќе »

Народна банка: Сопствениците на Еуростандард банка не понудија реално решение за нејзина продажба

По вчерашната прес-конференција на Трифун Костовски, најголем акционер и поранешен претседател на Управниот одбор на Еуростандард банка, кој обвини дека Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) и поранешното раководство на Еуростандард банка се виновни за нејзиното пропаѓање, со соопштение до јавноста денеска се обрати Народна банка. Таа порачува дека Еуростандард …

Прочитајте повеќе »

Банките бележат пад на профитите во првиот квартал од годинава

Значително намалување на профитот има кај банките во земјава во првите три месеци од годинава, а поради кризата предизвикана од корона вирусот се очекува зголемување на стапката на ненаплатливи кредити, откриваат новите податоци на Народната банка. Во првиот квартал од 2020 година, вкупната добивка на 15-те банки во земјава изнесува 1,1 милијарда …

Прочитајте повеќе »

Ангеловска-Бежоска: Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство се важни за македонската економија

Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство се важни за македонската економија. Покрај тоа што дознаките се значаен дополнителен извор на приходи за дел од домаќинствата, коишто го подобруваат нивниот животен стандард, тие имаат и пошироко макроекономско значење, зголемувајќи го девизниот потенцијал на економијата. Дознаките се …

Прочитајте повеќе »

Прв месечен раст на буџетските приходи во јули од почетокот на КОВИД-19 кризата

Во јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на КОВИД-19 кризата, со месечен раст од 1,4% во однос на лани. Ова се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци. По реализацијата во јуни која бележеше значително подобра наплата на приходите од …

Прочитајте повеќе »