Парични награди и дипломи за првенците на генерацијата од прилепските основни и средни училишта

Покрај подобрувањето на условите за изведување и следење на наставата, Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски во континуитет ги поддржуваат сите учесници во образовниот процес, како учениците, така и наставничкиот кадар.

Во тој правец беше и денешната средба на градоначалникот Јованоски, со првенците на генерација од сите основни и средни училишта од општина Прилеп, при што на 17-те ученици кои во учебната 2019/2020 година постигнале најдобри резултати, им беа врачени парични награди и дипломи.

„Како стимул за постигнување уште поголеми успеси, на 17 ученици кои во учебната 2019 – 2020 година постигнале најдобри резултати, им доделивме дипломи и парични награди во висина од 4.000, односно 6.000 денари. Во оваа прилика сакам да истакнам дека во изминатиот период, во реновирање и реконструкција на инфраструктурата од областа на образованието, инвестиравме повеќе од 75 милиони денари. Во сите училишта старата дограма ја заменивме со нова, ги реновиравме училниците, ходниците, влезовите и подовите. Ги реконструиравме санитарните јазли, ги уредивме училишните дворови и набавивме нагледни средства и училишни материјали. Во периодот што доаѓа, со ист интензитет ќе работиме нови проекти за реконструкција на фасади, промена на покриви, изградба на котлари, односно на сето она што ќе придонесе за унапредување на образовниот процес. Бидејќи инвестирањето во образованието, е инвестирање во иднината на граѓаните и државата“, истакна градоначалникот Јованоски.

„Средното образование го завршив со просек 5.0, бев на многу натпревари, што резултираше со наградата “првенец на генерацијата’. Планирам да се запишам на Медицинскиот факултет во Скопје, што беше моја желба уште од детските денови. Се надевам дека и таму ќе постигнам добри резултати, со цел сите заедно да градиме едно подобро општество, бидејќи во нас е иднината“, изјави Викторија Дунимаглоска, ученичка во Гимназијата „Мирче Ацев“.

„Во текот на четиригодишното образование имав просек 5.0. И јас учествував на многу натпревари, а планирам да студирам енергетика“, вели Габриела Лазоска, досегашна ученичка во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …