Парични награди за првенците на генерација во општина Аеродром

Парични награди за првенците на генерација во општина Аеродром

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во висина од по 10.000 денари на осумте најдобри ученици од основните училишта од општината, за учебната 2018/2019 година.

Овие ученици во изминатата учебна година беа прогласени за првенци на генерација, со што успешно го завршија образовниот процес во училиштата на територијата на општина Аеродром и веќе го почнаа средношколското образование.

Наградени се учениците: Филип Гавриловски од ООУ „Љубен Лапе“, Јован Парлапанов од ООУ „Браќа Миладиновци“, Нора Таскова од ООУ „Блаже Конески“, Мила Николовска од ООУ „Гоце Делчев“, Мартина Ивановска од ООУ „Димитар Македонски“, Андреа Ѓореска ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Мила Спасевска од ООУ „Лазо Ангеловска“ и Давид Ставров од ООУ „Александар Македонски“.

Општина Аеродром за прв пат од своето постоење ја воведе оваа парична награда, со цел да се стимулира талентот на учениците и да се мотивираат за постигнување уште поголеми успеси.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …