Парите од свадбата млади Струмичани ги даруваат за Никола да оздрави

Парите од свадбата млади Струмичани ги даруваат за Никола да оздрави

Живе Коцев и Марија Кармазова се млад брачен пар кој несебично одлучи да ги дарува парите од својата свадбена веселба. Целта на донацијата е оздравување на нивниот сограѓанин Никола Новоселски, пренесе ,,Струмица денес”. Нивниот гест е навистина за поздравување а кога сите би биле како нив светот би бил поубаво место за живеење.

„Фала од срце за донацијата од вашата свадбена веселба која лично ја донесовте. Да сте живи и здрави и среќен брак“ – напиша мајката на Никола.

Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сe’уште се опоравува по тешките телесни повреди.

Никола уште е во коматозна состојба, не може да се движи ниту пак да зборува. Неговото семејство води секојдневна макотрпна борба за да му обезбедат соодветна нега и лекување во домашни услови и на свој трошок.

Извор: Фактор

Прочитајте повеќе

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

Проценките се дека брза пруга би чинела до 2,5 милијарди евра, а за да биде …