Партиска хроника

Известувања и прес конференции од политички партии.

СДСМ Прилеп: Со новите автобуси на метан ја штитиме животната средина

Прес конференција на Стефани Петреска, портпаролкa на ОО на СДСМ – Прилеп: Почитувани, Прилеп е првиот град во државата кој во јавниот превоз воведе автобуси на метан. Конечно граѓаните на Прилеп добија градски превоз каков што заслужуваат, современ, конфорен и навремен, а пред се’ превоз со кој ја штитиме животната …

Прочитајте повеќе »

Костадинов: Правната држава функционира, ги поддржуваме истражните органи да ја продолжат истрагата

Изјава за медиуми на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ: Почитувани граѓани, Правда мора да има! Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, неселективно за сите. Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки. Целосно ги поддржуваме напорите на …

Прочитајте повеќе »

СДСМ Прилеп: Незаконитоста и корупцијата беа карактеристика на владеењето на Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на ОО на СДСМ – Прилеп на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Доследно почитување на позитивните законски прописи и поставување на интересите на граѓаните како врвен приоритет, се одлика на работењето на СДСМ и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски. Незаконитоста и корупцијата беа карактеристика на претходната локална …

Прочитајте повеќе »

СДСМ Прилеп: Новото противпожарно возило е доказ за грижата на Општина Прилеп за заштита на имотите на нашите сограѓани

Прес на Александар Китаноски, член на Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ: Почитувани, Зајакнувањето на капацитетите на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, е еден од главните приоритети на градоначалникот Јованоски и СДСМ. Од вчера, прилепската противпожарна станица е засилена со ново, современо противпожарно возило за брзи интервенции, со …

Прочитајте повеќе »

СДСМ Прилеп: Со мерката „Зелена нафта“ над 5.000.000 денари завршуваат кај прилепските земјоделци

Миле Талевски – Претседател на ОО СДММ Прилеп Почитувани граѓани на Општина Прилеп, Почитувани земјоделци, За нас зборот е збор. Го исполнивме предизборното ветување и ја стартувавме мерката „Зелена нафта“ за земјоделците. Со најновата мерка на владата „Зелена нафта“, овозможуваме огромно олеснување на земјоделците во производството на нивните производи. Почнувајќи …

Прочитајте повеќе »

СДСМ: Стевананџија се заканува кон граѓани со бесилки, оставка затоа што не е достоен да ја извршува пратеничката функција

Соопштение на СДСМ: Нервозата во белиот дворец кулминира, нема спас за криминалците. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, се заканува со бесилки и шири говор на омраза, што е скандалозно и недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието. Срамно …

Прочитајте повеќе »

Младите прилепски социјалдемократи со донација од книги по повод Меѓународниот ден на младите

По повод Меѓународниот ден на младите, 12.Август, денеска Локалниот клуб на Социјалдемократската младина од Прилеп, под мотото „Подари книга-подари образование“ донираше 80 книги во ООУ „Рампо Левката“. „Трансформацијата на образованието, годинава е високо поставена тема на агендата на Обединетите нации, па во тој правец младите социјалдемократи од Прилеп беа дел …

Прочитајте повеќе »

Младите активисти од СДММ – Прилеп, денеска даруваа крв

Александар Ѓорѓиоски – ЛК СДММ Прилеп Почитувани граѓани, Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија од Прилеп, во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Прилеп, денеска организира хуманитарна крводарителска акција, која ја спроведуваме под мотототo „Дарувај крв – спаси живот“. За нас хуманоста и солидарноста се највисоките принципи …

Прочитајте повеќе »