Паштетите, кечапот, мајонезот, маргаринот и вештачките засладувачи ќе се исфрлат од исхраната во градинките

Паштетите, кечапот, мајонезот, маргаринот и вештачките засладувачи ќе се исфрлат од исхраната во градинките

Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) одржала работен состанок, на кој се предложени промени во исхраната на децата во градинките и стандардите за неа.

Работната група препорачува зголемен внес на свежо овошје и зеленчук, но и конзервираната храна да биде заменета со замрзната. Од употреба да бидат исфрлени и конзервираните преработки од месо и синтетички паштети. Исто така во исхраната на децата да бидат отстранети и додадените вештачки засладувачи, кечапот и мајонезот, а наместо маргарин во исхраната да биде вметната употребата на путерот и на ладно цедено масло.

Членовите на работната група се на став дека е важно оброците да имаат енергетска и нутритивна вредност соодветна на возраста и потребите на децата и затоа сметаат дека се неопходни погоре наведените измени во нормите.

Министерката Шахпаска посочи дека исхраната на децата игра клучна улога во нивното здравје.

„Разноликоста на храната и внесот на здрави оброци кај децата во предучилишно образование е клучна за нивниот правилен детски развој, затоа што преку неа тие ја добиваат енергијата која им е потребна за учење и игра, карактеристична за нивната возраст. Оттука произлегува и иницијативата на Министерството за целосно ревидирање на Правилникот за исхрана на децата во градинките“, рече министерката Шахпаска.

За поголема грижа и заштита на здравјето на децата додека престојуваат во градинките но и дома, Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките предвидува и едукација на децата, родителите и вработените во градинките.

Работната група ќе продолжи со работа сè до подготвувањето на нов Правилник за исхрана во градинките.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …