Патниците кои патуваат со „Виз ер“ од Северна Италија, ќе оставаат податоци за полесно лоцирање во државата

Патниците кои патуваат со „Виз ер“ од Северна Италија, ќе оставаат податоци за полесно лоцирање во државата

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција информираше дека нема нови заболени од корона -вирусот, а пациентката која се лекува е во добра здравствена состојба. Имајќи го предвид зголемување на бројот на заболени во Европа, истакна дека се заоструваат мерките за превенција од корона вирусот.

„Бидејќи бројот на заболени во Европа е се поголем, согласно поригорозните мерки на италијанските власти за северниот регион за кои ќе има информација денеска, се одлучивме за подигање на степенот на контрола, на патниците со авиони на „Визе ер“ кои денеска слетуваат од Милано и Венеција на скопскиот аеродром. Патниците во авион ќе пополнуваат одредени картички на кои ќе остават податоци за полесно лоцирање. Авиокомпанијата се согласи на ова и мерките ќе почнат да се имплементираат од денеска,“ рече Филипче.

Тој додаде дека на сите гранични премини останува да се прават скрининзи, се следат алгоритмите на прашалниците, по што следува интервју на патникот и се постапува согласно препораките.

Денеска институциите ќе ги чекаат и препораките од италијанските здравствени власти и какви заострени мерки ќе треба да се преземат.

Филипче потенцираше дека набавката на заштитни материјали за институциите е во тек, а денеска низ училиштата ќе бидат дистрибуирани средства за дезинфекција. Најверојатно во петок ќе се одлучи дали мерката за забрана на јавни собири ќе биде продолжена, или ќе престане да важи на 6 март.

Во однос на бројката на граѓани во домашна изолација, кои се придржуваат на препораката на Владата доколку патувале во некој од регионите каде што има епидемија да седат дома, Филипче рече дека е тешко да се утврди и тоа работодавачите најдобро го знаат.

Тој го повтори апелот граѓаните да се придржуваат до препораките, да се свесни и совесни и ако дошле од ризични региони да седат дома.

За зголемените цени во аптеките на средствата за дезинфекција, Државниот пазарен инспекторат се уште истражува, но според информациите зголемените цени се должеле на увозната цената.

Во европскиот регион има 3.366 заболени, а од вчера нови земји каде што е регистриран корона вирус се Андора, Латвија и Португалија.Од соседните земји нема во Србија и Косово, корона вирус нема ниту во Албанија, а во Грција има уште еден новозаболен при што бројката се зголеми на 8, 4 во Солун и 4 во Атина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Притисок за да функционира државата

Притисок за да функционира државата

Од стотици регистрирани граѓански или невладини организации, здруженија, фондациии, малку се оние кои  чиј „збор …