Патници се гушеа на релација Скопје-Гостивар, полицијата интервенираше поради преоптовареност

Околу 20 прекубројни патници се транспортирале од Скопје до Гостивар, по што граѓаните се жалеле дека се гушат, а полицијата на влезот на Тетово ги симнала од автобусот „Еуро турист“, кој во петокот во 18 часот тргнал од Скопје за Гостивар, пренесува Порталб.мк.

Поради големиот интерес, возачот дозволил да се превезуваат 20 патници повеќе, со билети што ги купиле во автобус. За време на патувањето патниците се жалеле дека се гушат, но возачот се правдал дека не е негова вина, туку на сопственикот и на недостигот на линии.

Линијата Скопје-Гостивар има автобус на секои 50 минути. На влезот во Тетово автобусот бил сопрен од сообраќајната полиција и се симнале сите патници кои што стоеле. Полициската контрола траела 35 минути, потоа патниците повторно се качиле во автобус, а се симнале во Тетово. Останува да се види, дали компанијата ќе се казни за овој прекршок.

Ова е само еден од многуте вакви случаи кои ги доживуваат граѓаните на Тетово и Гостивар, или обратно, додека патуваат кон одредени дестинации, бидејќи преоптовареноста стана рутина и на други линии.

„Порталб.мк“ претходно објави дека во текот на 2018 година, само Државниот инспекторат за сообраќај има спроведено 46 контроли на овие автобуси, а како резултат на пријавени неправилности.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …