„Патот до Брисел“, дипломатска дискусија во Владата

Во свечената сала во Владата на Република Северна Македонија, денеска со почеток во 12:00 часот ќе се одржи дипломатска дискусија на тема „Патот до Брисел”. Дискусијата со свои излагања ќе ја отворат премиерот Зоран Заев и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, а во неа ќе учествуваат амбасадори на земјите членки на НАТО во Република Северна Македонија.

Настанот, во рамките на НАТО неделата, го организираат Министерството за одбрана, Евро Атлантскиот совет (АТА) и амбасадата на Република Словенија. На дискусијата ќе стане збор за процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Прочитајте повеќе

Партиите не можат да се воздржат од политичка злоупотреба на убиствата на Палевски

Во политичката злоупотреба на случајот со двојното убиство се чини дека предничи ВМРО-ДПМНЕ, која преку …