„Пејзажни знаци“ – изложба на уметникот Давид Атанасоски во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Утре, петок 7 јуни, со почеток во 19 часот, во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложбата „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски.

Давид Атанасоски роден во Прилеп 1995 година. Во 2018 година завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство со конзервација и реставрација, во класата на професор Исмет Рамиќевиќ.

Авторот на изложбата, Давид Атанасоски вели дека морфолошката структура на пејзажните знаци како автономна појава со автентична еволуција, како и достапните локални ресурси, картоните, втиснувајќи им ја универзалната димензија се извор за неговата уметничка идеја.

Оваа ликовна инсталација од ѕидни објекти е генерирана од локалниот био-отпад, трансформиран во галерискиот простор.

Рустикалната обработка на картоните на соодветен начин ја нагласува линијата и формата како елементи на изразување на уметноста. Ритмичното повторување на мотивите силно ја нагласува динамиката, која во голема мера зависи од позиционирањето на формата, бојата, движењето и рамнотежата на композицијата. Оваа модулација дава најкомплексно објаснување на геометриските форми, која од постоењето на овој феномен ѝ дава статус на филозофска категорија идентична со принципот на функционирање на космичкиот поредок и одговара на теоријата на ритмичко повторување на животот што се движи и постојано се менува. Ритам во уметноста е над сите вреди. Тоа е фактор што го прави редот, носи хармонија во хаосот, тој е оној кој е врвен принцип и монитор кој ги регулира сите уметнички елементи.

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …