Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, се вели во честитката од кабинетот на претседателот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

„Како држава, треба секогаш да размислуваме во насока на понатамошно унапредување на работничките права, да го споделуваме товарот и да покажеме солидарност. Да ги заштитиме и работниците, и работодавачите. Затоа што, секогаш може да биде подобро“, соопшти Кабинетот на Џафери.

Како што се додава во соопштението, „само задоволни работници претставуваат и верни и лојални чувари на јавното добро“.

„Како идна земја членка на Европската Унија, наша заложба е да ги штитиме работниците и да осигураме еднаков и фер третман за нив од работодавачите, бидејќи секој работник е пред сѐ, човечко битие кое заслужува почит и достоинствен живот“, се вели понатаму во владиното соопштение.

Од претседателскиот кабинет, пак, велат дека „човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права“.

Понатаму се додава дека секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.

„Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план“, соопшти Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Владата одобри, околу 10.000 странски работници ќе добијат работни дозволи годинава

Владата одобри, околу 10.000 странски работници ќе добијат работни дозволи годинава

Влада донесе одлука за ангажирање на вкупно 10.000 странски државјани во 2026 година, со цел …