стево прендаровски претседател

Пендаровски ќе се сретне со претставници на ОМО „Илинден Пирин“

Претседателот Стево Пендаровски во неговиот кабинет ќе оствари средба со претставници на ОМО „Илинден Пирин“ Бугарија. Целта на посетата по барање на ОМО „Илинден Пирин“ Бугарија и темите на разговор засега не се познати.

„Барањето е добиено и претседателот Пендаровски ќе ги прими претставници на ОМО Илинден. За точниот датум ќе информираме дополнително“, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

ОМО „Илинден Пирин“ е една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, која има добиено 11 од вкупно 16 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија.

Новиот бугарски премиер Кирил Петков би требало да ја посети Македонија на 18 јануари. Неговата посета ќе соодветствува и со изборот на новата Влада. Ова би била прва посета на бугарскиот премиер откако беше избран на функцијата. Надежите дека во декември земјата ќе добие датум за преговори се урнаа откако Бугарија соопшти дека нема намера да ја промени својата позиција.

Инаку, Бугарија ја блокираше македонската европска интеграција во 2020 година, тогаш главно поради историски нерешени прашања, а со инсистирање Скопје да признае дека македонската нација не постоела до 1944 година, дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот, дека двете земји имаат заедничка историја, а таа е бугарска.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …