Пендаровски: На граѓаните не им треба уште еден Иванов , туку вистински претседател

Пендаровски: На граѓаните не им треба уште еден Иванов , туку вистински претседател

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски, денеска го посети Прилеп.

На средбите со граѓаните Пендаровски разговараше за придобивките и позитивните промени кои ќе ги донесе членството во НАТО  и Европската унија.

Граѓаните сакаат претседател кој ќе биде праведен и правичен. Кој ќе ја изнесе државата на вистинскиот пат. Вистински претседател за сите граѓани, кој ќе ги слуша потребите на граѓаните и кој ќе се залага за напредокот на државата.

-Како Претседател ќе се фокусирам на напредокот на државата и интересот на граѓаните. Граѓаните сакаат да одат на напред, на нашите граѓани им е смачено од поделби, им е смачено од кочење заради партиски интереси. Јас тоа нема да го дозволам и ќе се борам нашата земја да оди напред. – Порача Пендаровски од Прилеп.

Заедничкиот кандидат Стево Пендаровски во Прилеп оствари средба и со здружението на борци од НОБ и бранителите. На средбата  се зборуваше за сигурноста на границите и стабилноста на државата  што ги обезбедува и гарантира членството во НАТО.

Посетата на Прилеп заедничкиот кандидат за претседател Пендаровски ја заврши со посетата на ромската населба Тризла.

Интеграцијата во НАТО и ЕУ значат безбедност но значат и повеќе пари, поголеми инвестиции, нови и добро платени работни места. Заедно да чекориме напред, кон иднинатана, посочи Пендаровски.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …