Пендаровски на средба со граѓански активисти: Граѓанското движење е срцето на демократијата

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател, поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија денеска на средба со граѓански активисти, разговараше за актуелната состојба,  за нерешените проблеми, за работата на институциите и предлозите на активистите за подобрување.

Има прашања за кои постои основа и треба отворено да се критикува, целта е слабостите треба да се отстранат и сериозно да се работи на отстранување на сите аномалии на кои граѓаните и активистите укажуваат, рече Пендаровски.

-Граѓанското движење е срцето на демократијата во секоја држава. Затоа го почитувам и го ценам вашиот ангажман. На 5 мај имаме контра опција на  ова што ние го нудиме. Нивната опција не враќа во најтемното време на Груевизмот, ако таа госпоѓа победи тоа значи и враќање на нивниот почесен претседател Никола Груевски во државата, додаде Пендаровски.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …