Пендаровски во Росоман: Нашите земјоделски производи да бидат конкурентни на огромниот пазар на ЕУ

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски попладневно е на средби со граѓаните на Росоман.

Пендаровски рече дека неговата визија како претседател на сите граѓани е државата да продолжи да оди напред, по патот на напредокот и интеграциите во НАТО и ЕУ.

Тоа ќе значи обезбедена и сигруна иднина, безбедност и стабилност. Но интеграциите отвораат и низа можности на сите полиња, достапност на ЕУ фонтовите, учество на огромниот европски пазар од 500 милиони, додаде Пендаровски.

-Нашатата таковина е земјоделска земја. На Европа и требаат нашите земјоделски производи. Да продолжиме со напредокот, да станеме членка на Европската унија и да ги забрзаме позитивните процеси за земјоделците. Ни се отвоа пазар од 500 милиони жители во Европа. Затоа мора да продолжиме наред заедно и да не дозволиме никој да не врати назад“ порача Пендаровски.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …