Пентагон: Балон за шпионажа над САД

Пентагон: Балон за шпионажа над САД

Голем бел балон неколку дена лебди над САД. Пентагон вели дека балонот е од Кина, но нема да биде соборен. Инцидентот доаѓа во неповолен момент.

Балонот бил забележан над сојузната држава Монтана, на северозападот на САД, во средата (1.02), соопшти американското Министерство за одбрана. Неговата траекторија се следи внимателно. Во Монтана се наоѓа воздухопловната база Малмстром, каде што има силос за нуклеарни ракети.

Висок функционер на Пентагон, кој сака да остане анонимен, рече дека се „многу сигурни“ оти балонот е кинески шпионски балон. Во врска со инцидентот е воспоставен контакт со владата во Пекинг.

Соборување би било премногу опасно

„Релативно големиот“ балон навлегол во воздушниот простор на САД пред неколку дена и лета на голема височина над северозападниот дел на САД, изјави претставникот на Пентагон. „Целта на балонот сосема јасно ешпионажа и неговиот сегашен пат води низ чувствителни бази“, вели претставникот на Пентагон. Тука се вклучени бази на воздухопловните сили и подземни ракетни локации.

По откривањето на балонот, американскиот претседателЏо Бајден наводно наредил да се испита можноста за негово соборување. Министерот за одбрана Лојд Остин и највисоките воени функционери на крајот се одлучиле против тоа, бидејќи од деловите што паѓаат би биле загрозени премногу луѓе.

„Според нашата проценка, тој е толку голем, што неговите остатоци може да предизвикаат штети“, се вели од Пентагон и се додава дека борбени авиони летале во близина на балонот за да можат да го проценат.

Целта на балонот сосема јасно е шпионажа, се вели од Пентагон
Целта на балонот сосема јасно е шпионажа, се вели од Пентагон

Нема опасност, но тајмингот е лош

Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, подоцна потврди дека балонот сè уште е над територијата на САД. Но, тој лета „многу над нивото на воздушниот сообраќај“ и „не претставува никаква воена или физичка опасност за луѓето на земјата“.

Инцидентот со наводниот шпионски балон дополнително ги затегна и онака затегнатите односи меѓу САД и Кина. Ова се случува непосредно пред посетата на американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен на Пекинг овој викенд, која не беше официјално објавена, но беше навестена од двете страни.

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …