Пет нови случаи на коронавирус во општина Прилеп

Пет нови случаи на коронавирус во општина Прилеп

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток 23 април:

  1. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација, двајцата се негативни на коронавирус, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 348 лица;
  4. Во текот на изминатото деноноќие нема прекршување на полицискиот час.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …