Петгодишно девојче починало од грип на Детската клиника

Девојче од Скопје на возраст од пет години синоќа пред полноќ починало на Детската клиника. Кај девојчето бил утврден пандемски грип А-  Х3Н1, а имало тешки промени на мозокот и на црниот дроб, соопштија од клиниката.

Починатото девојче претходните 3 дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле, а оттаму во бесознание и со конвулзии е префрлено на Детската клиника, каде било примено на одделот за неврологија, а потоа било префрлено во одделот за интензивна нега и терапија.

„Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A. Дадена е терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија. Поради влошување на респираторните симптоми детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки почина во 23.30 часот после 13 часа престој на Клиниката“, соопштија од Клиниката, посочувајќи дека детето претходно често се следело и лекувало кај нив и во Институтот во Козле, со дијагноза астма.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …