Петков: За кревањето на ветото од Бугарија ќе треба согласност во владината коалиција и парламентот

Петков: За кревањето на ветото од Бугарија ќе треба согласност во владината коалиција и парламентот

Бугарскиот премиер Кирил Петков како лажно го нарече обвинувањето на бугарската опозиција дека самиот преземал ангажман за да се крене блокадата од Бугарија за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, пренесува Бугарското национално радио.

Во однос на очекувањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, за потребата од кревање на бугарското вето во рок од три недели од страна на Бугарија, премиерот Петков изјави дека ако се случи нешто во таа насока, најпрво треба да се создаде основата во бугарското Министерство за надворешни работи, но и да помине како согласност во владејачката коалиција на партии и да се најде на расправа во бугарскиот парламент.

„Така што процедурата е многу јасна, чекорите коишто ќе бидат следени“, изјави премиерот Кирил Петков.

Инаку, еврокомесарот Вархеји вчера се сретна со бугарскиот премиер Петков, по што напиша на Твитер дека за три недели ќе се врати во Софија за да се најде заеднички јазик и поддршка од Бугарија за започнување на преговарачкиот процес со Република Северна Македонија во јуни.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …