Петмина судии посочени во Извештајот на Стејт Департментот

Петмина судии посочени во Извештајот на Стејт Департментот

Претседателот на Врховниот суд – Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет, Александра Зафировска, судијката од Кривичен суд Сафије Лаличиќ, Светлана Костова од Вишиот управен суд, како и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Ова се имињата на 5те судии кои според Извештајот на американскиот Стејт Департмент за човекови права, дозволиле политиката директно да се вмеша во судството.

Навдено е дека Вангеловски, споделувал клучни информации за активни случаи со политичарите, Зафировска, се консултирала со високи владини претставници за избор на политички лојални судии, дека Лаличиќ, ги следела наредбите на УБК, а Костова, истовремено работела и како судија и била вработена во УБК.

Се посочува извештајот според АКМИС-системот додека до Кривичниот суд раководел судијата Владимир Панчевски.

Стејт Департментот цитира делови од извештајот за овие судии што го поднесе СЈО уште во септември, а досега ништо не е преземено.

Претседателот на Судски Совет Караџоски денеска не беше расположен да коментира, кажа дека овој извештај ќе го презентирал пред колегите, па од понеделник ќе излегле со официјален став.

– Ние имаме висока корупција. Корупција во високите ешалони на власта, во високите олигархиски ешалони, односно бизнисот и оние кои што дефакто контролираат. Го контролираат судството, ја контролираат работата на Владата, носат закони по мерка, мислам дека и тоа еднаш излезе во извештаите. Судовите се неефикасни или судат според барањата и потребите на елитите и на поединци. Знаеме дека го имаме овој проблем со приватизација во судството или со луѓе влезени во судството под влијание на политиката или со врзување со политиката и требаше на тоа на време да изреагираме, вели Слагана Тасева од Транспаренси Интернешнл

Стејт Департментот ја истакнува политизацијата која останува присутна на ниво на јавната администрација и дека се наградуваат партиските членови.

– Секојдневно читаме и сме сведоци на партиски вработувања, а се говореше за тоа дека се бориме за одвојување на државата од партијата и на партизација на јавната администрација. За жал во истиот манир се однесува и оваа власт, кога станува збор за вработувањата и поради тоа не изненадува фактот дека нема доволно капацитети за да може да ги спроведе реформските процеси, вели Уранија Пировска од Хелсиншки Комитет.

На извештајот реагираа и партиите. Според ВМРО ДПМНЕ смешни биле обидите на заевизмот да се прикаже дека имало напредок во слободата на медиумите и судството. Од СДСМ пак велат дека Режимот на ВМРО-ДПМНЕ носел најнегативни извештаи на Стејт департментот. Реагираа и од Алијанса за Албанците – ова бил сериозен аларм за државата.

Од Владата пак велат дека охрабрувачки било тоа што извештајот нотирал дека, во 2018та, власта покажала повеќе почит кон независноста и непристрасноста на судството.

Извор: 1ТВ

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …