Петмина убиени во напад со лак и стрела во Норвешка

Петмина убиени во напад со лак и стрела во Норвешка

Полицијата не го откри идентитетот на 37-годишниот дански државјанин кој е осомничен дека уби пет лица со лак и стрела и друго оружје во норвешкиот град Конгсберг, во редок инцидент на масовно убивање во Норвешка, пренесе Ројтерс.

Две лица, меѓу кои и полицаец кој во моментот на нападот не бил на должност, беа ранети во нападите во средата вечерта, што се случија на различни локации во градот, 68 километри југозападно од главниот град Осло.

Осомничениот беше уапсен во средата попладне според локално време и пренесен во блискиот град Драммен и за сега се верува дека дејствувал сам, соопшти полицијата.

Норвешката премиерка во заминување Ерна Солберг на прес-конференција во Осло, ги оцени случувањата во Конгсберг како „морничави“ и вети дека ќе ги „распредели сите потребни ресурси“.

Началникот на полицијата во седиштето на округот Драмен, Оивинд Аас, во обраќањето до медиумите по нападот рече дека властите не ја отфрлиле можноста за терористички напад.

„Со оглед на текот на настаните, природно е да се размисли дали ова е терористички акт“, рече тој. „Осомничениот, соработуваше со полицијата, но сè уште не се изјаснил дали е виновен. Се верува дека мажот дејствувал сам“, соопшти полицијата, но не открија ништо за можен мотив.

„Оваа многу сериозна ситуација, се разбира, остава длабок впечаток врз Конгсберг и оние што живеат овде“, рече во изјавата шефот на полициската област Ојвинд Аас.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека е шокиран и тажен од веста. „Моите мисли се со најблиските на жртвите и сите луѓе во Норвешка во овој многу тежок момент“, напиша тој на Твитер.

Полицијата соопшти дека дава информации за националноста на мажот откако на социјалните мрежи се појавија гласини за луѓе кои не се поврзани со нападите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …