Ова беше долго топло лето. Како онаа славна серија од 1960-те. Со главниот јунак Бен Квик. Топлото лето уште трае, иако се впуштаме во есента. Одморот заврши, нѐ чекаат изборите. Локални, но со национално значење. Додека медиумите (не граѓаните) секој ден се бомбардирани со по десетина соопштенија од двете главни партии (од кои половина не ги објавуваат) по петнаесет месеци би требало да размислиме како се работи во онаа зграда покрај Вардар, славно унаказена. Таму е… Владата.
Македонскиот Бен Квик по долгото топло лето има уште две години и девет месеци да покаже дека навистина направил нешто во ова време и дека ќе направи во преостанатото. Не може премиерот Христијан Мицкоски да биде обвинуван дека ништо не направил. Се разбира и дека направил. Па, да видиме на што можете да се сетите по едната третина од неговиот мандат.
1 од 15
На денот кога положи заклетва како премиер Мицкоски…
A. Рече дека Македонија ќе се повлече од Преспанскиот договор.
Б. Дека Македонија ќе го поништи Договорoт за добрососедство со Бугарија.
В. „Ќе ја кажам срамната придавка при заклетвата затоа што ме потсетува на срамот што го нанесовте на мојата татковина, на моето семејство, на моите неродени внуци“.
2 од 15
Освен тоа, на таа седница на 22 јуни, Мицкоски рече:
A. „Најавувам фуриозен почеток на проекти“.
Б. „Раст од пет отсто на БДП и годишна инфлација од 2 – 2,5 отсто“.
В. Завршување на децентрализацијата.
3 од 15
По изборите, Мицкоски постојано повторуваше една фраза:
А. „Партијата е најважна, другите се второстепени”.
Б. „Вашата одговорност (на функционерите) не е пред вашите партиски штабови, туку пред граѓаните“.
В. „Каква одговорност. Што е тоа?“
4 од 15
Откако пожарите и ова лето ги гореа македонските планини, Мицкоски пронајде кои биле одговорни за нив…
А. „Пожарите ни се случуваат затоа што немаме стока по планините да ја пасат тревата и затоа тревата ни е бујна, а сега ќе се исуши, топло е, и ќе почнат пожарите“.
Б. „Лично го следам тоа, не дека сум сештолог… но логично како претседател на Владата мора да гледате и стратегија да правите…“
В. „Опозицијата ги пали шумите“.
5 од 15
Нема стока по падините, но дали има диви животни по шумите?
А. Да, има. Лисиците се најзлобни. Тие со запалените опашки го пренесуваат пламенот од место на место.
Б. И на верверичките не им е простено. И тие имаат долги опашки.
В. Мечките ги исклучуваме, тие и така слегуваат по селата.
6 од 15
Премиерот велеше дека најважно е да си во периметарот на Трамп и прв да застанеш во редот.
А. Ред, всушност, и немало.
Б. Трамп не знае што значи тоа периметар. Тоа не е ни важно за него.
В. Најдоброто допрва доаѓа (во периметарот).
Извор: DW
Целиот текст ТУКА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место