полиција

Петнаесетгодишно момче со нож убило полицаец во БиХ, нападот е прогласен за тероризам

Осомничениот синоќа влегол „непровоцирано“ во полициска станица во Босанска Крупа и убодел двајца полицајци – едниот загинал, другиот бил хоспитализиран и е во стабилна состојба

Петнаесетгодишно момче влегло во полициска станица во босанскиот град Босанска Крупа и убодело двајца полицајци – едниот загинал, другиот бил хоспитализиран и е во стабилна состојба, пренесува „Н1“.

Обвинителот на Унско-санскиот кантон (УСК) го прогласи нападот за тероризам.

„Неиспровоцирано, откако влегол во просториите на полициската станица Босанска Крупа, малолетниот С.Е., роден 2009 година, со нож избодел и повредил двајца полициски службеници. За жал, едниот почина на пат кон болница, а другиот е стабилен по операцијата и очекуваме да му се подобри состојбата“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол за Министерството за внатрешни работи од УСК.

Малолетникот бил веднаш уапсен и е под полициски надзор. Во Босанска Крупа вчера биле засилени мерките за безбедност, а во текот на ноќта речиси насекаде имало полицајци.

„Што и да кажеме во овој случај е малку, но и многу. Ние сме мирен и толерантен град и тоа што се случи не шокираше сите. Едноставно не можеме да веруваме дека ова се случило во Босанска Крупа, бидејќи тоа е град во кој нема поголеми проблеми“, изјави Армин Халитовиќ, градоначалникот на Босанска Крупа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Софија Бугарија

Граѓаните на Бугарија денес гласаат на седмите парламентарни избори во изминатите четири години

Се очекува ГЕРБ, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, да освои најмногу гласови, но далеку …