ВМРО-ДПМНЕ сеуште живее во стар лош филм. Времето кога се снимаа телефонските разговори на вработените во министерството, а богами и на министри, директори, пратеници, опозиција, граѓаните е завршено. Опремата ја уништивте мислејќи дека ќе ги избришете доказите. Ама не можете да ги избришете траговите на режимот во кој владеевте и затоа не се обидувајте со лаги да го оправдате отсјајот.

Разговор имало, а за содржината прашајте го Мицковски. Јас барам да се спроведе законот и затоа барам целосна и темелна истрага која во 21 век и во време на дигитална форензика нема да се сведе на изјави за тоа кога се наместени шкафчињата со вратички или без вратички. Ако Мицковски навистина не бил во теретана во време на пандемија, ќе ми биде благодарен што поддржувам целосна истрага и наместо да се заканува, ќе му биде благодарен на дополнителниот помошник што побара вештачење на снимките.

Оставете ги вработените да го спроведуваат законот, тогаш кога грешите признајте и извинете се, не измислувајте изговори, затоа што секој нареден ви е полош од претходниот.

П. С Го пријавивте наводното незаконско следење или и тоа е одек во студио?

Фејсбук статус на Славјанка Петровска, Дополнителен заменик министер за внатрешни работи