126,000 гласови на локалните избори и шест освоени општини. Резултат за којшто координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Оливер Спасовски рече дека е најлош изборен резултат на партијата. На што вие лично го припишувате ваквиот исход?
Мислам дека многу причини се кои доведоа до ваквиот пораз. Пораз којшто да, за жал, е најголем во историјата на постоењето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и кој заради никакви причини не смееме ниту да го игнорираме, ниту пак да се обидеме времето да го заборави. Тоа ќе биде повторно најлошо нешто што може да му се случи на СДСМ и мислам дека тоа секој еден од нас, без оглед на тоа дали сме дел од пратеничката група, дали некој е дел од актуелното раководство или едноставно член кој е загрижен, не треба да го остави на случајност.
Кои се причините конкретно, веќе во партијата се започнати процеси на консултации или дискусии помеѓу разни групи, пратеничка група, градоначалници, кандидати и така натаму, раководство верувам, за да се искаже мислењето, ставот на секој еден од нас поединечно за тоа кои беа причините за овој пораз. Ако јас се прашувам и за да одговорам на вашето прашање, јас ќе кажам дека ни требаат неколку часа емисија за да ги наведам сите причини.
Меѓутоа, вака во една реченица ќе кажам дека неодговарањето на прашањата за тоа зошто минатата година го доживеавме поразот, па ако сакате да се вратиме и наназад на изборите циклуси локалните во 2021 година, па и резултатот којшто иако беше поволен да кажам во 2020 година врз основа на кој формиравме влада тогаш, сепак не не беше по мене задоволителен.
Мислам дека отсуството на вистинска дебата за овие изборни резултати претходно дополнително се разбира со приликите во државата, мислам дека допринесоа за ваков пораз.
После поразот на минатите избори на парламентарните се кажа дека и ќе се прават анализи, што што придонесе за до тој пораз. Има ли после изминативе изборни циклуси конкретни анализи што точно се проблемите во коишто е предизвикан тој пораз?
Тие анализи, јас за да ги сметам за анализи мора да бидат во пишана форма и мора да бидат усвоени од органите на на партијата, телата на партијата. За жал, имавме еден Конгрес кој се одложи, зборувам за минатата година. Негов епилог немаше, значи никој не дискутираше иако извештај формално беше поднесен, меѓутоа дискусија немаше и мислам дека дека таквото однесување или третирање на на еден изборен резултат не смее да се повтори и оваа година.
Што може да се очекува во СДСМ до претстојниот Конгрес во декември?
Па мислам дека претседателот актуелен има сериозна задача и сериозен предизвик, а тоа е освен овие анализи и дискусии, се разбира дека ќе треба да понуди предлог, платформа или како и да се нарече, начин на којшто СДСМ ќе излезе од оваа ситуација, не би рекла дека е поволна и не би рекла дека е добра од две причини.
Прво заради тоа што СДСМ е партија која постои со осамостојувањето на оваа држава и зад себе покрај грешките од минатото, се разбира и поблиското и подалечно, меѓутоа имаме исклучителни големи резултати и голем влог во оваа држава. Партија како СДСМ па и кога сме биле во опозиција и е нужно неопходна на Македонија заради граѓаните. И за да не дозволиме да ни се повторуваат некои сценарија од поблиското минато, кога години ни требаше да се ослободиме од некаков режим.
Колку изборниот пораз е резултат на внатрепартиската организација, колку на конкуренцијата? Ги имавме Левица, голем број на независни листи на овие локални избори.
Па да, поразот можете да го препишете на повеќе фактори. Се разбира дека кога се анализира еден пораз анализирате целосно и организациски од аспект, од аспект на поставеност на партијата, мотивираност на членството, меѓутоа и од аспект исто така на кандидати, дали кандидатите некаде биле соодветни, не зборувам само за кандидатите за градоначалници, за советничките листи каде што имате повеќе луѓе.
Зависи и од самата кампања, која порака сакате да ја праќате, како успевате да ги изменаџирате пораките, сега бидејќи ние сме опозиција – од позиција на опозиција, како успевате да ги изменаџирате или одговорите на пораките на власта, која што ако го земеме во предвид дека најголемиот дел од градоначалниците до пред изборите кои беа актуелни беа од ВМРО-ДПМНЕ, а гледате дека горе-долу истите и подобар резултат се разбира имаат од претходниот, веројатно тука треба да ја гледаме каде сме погрешиле, односно каде партијата, Централниот штаб, раководството, па и сите кои сме составен дел на на СДСМ е направена грешката.
Сметате ли дека претседателот Венко Филипче се уште треба да биде претседател на партијата после овој изборен резултат?
Па тоа се прашања кои се поставуваат кога има внатрепартиски избори. Статутот на СДСМ е многу јасен во тој дел. Изборот на претседател на партијата, ние сме единствена партија која тоа го прави на непосредни избори со гласање. Такви избори имаше минатата година, јас бев еден од кандидатите. Имаше и оваа година кога тој беше единствен кандидат.
Претпоставувам причината заради која што во март оваа година кога беа изборите немаше немаше дополнителни, односно други кандидати, претпоставувам беше размислувањето дека треба да му се даде шанса да видиме каква ќе биде, ќе биде работењето и функционирањето на партијата.
Ако ме прашате дали треба да се продолжи со некоја пракса која не е секогаш пракса во СДСМ, а тоа е после изборен пораз да си поднесе оставка претседателот, јас мислам дека треба малку да се запрашаме. Не заради Венко Филипче, туку заради партијата, а тоа е дека и во минатото имаме примери кога имало изборни порази, меѓутоа претседателите на партијата не поднесувале оставка, па можам да речам дека дури и во периодот потоа добивале подобри резултати.
Дали поделбите во СДСМ се од организациски, идеолошки или пак можеби од лични причини и основи?
Па ако сме сите во партијата заради идеологија, тогаш не би требало да има поделби. А тогаш веројатно можно е, можеби дел од различните мислења јас би ги нарекла, бидејќи за да констатираме дека има поделба треба да има група на луѓе кои јасно се одделуваат или се спротивставуваат на нештото.
Ако еден или двајца изразиме различно мислење, тоа не значи поделба. Тоа значи различно мислење и јас тоа мислење без разлика дали некогаш се контрирало или било спротиставено на моето или исто, јас со тие мислења ги почитувам.
Но, претседателката Чупаска што даде оставка од позицијата рече дека има судир на различни концепти.
Па да, меѓутоа ќе треба веројатно јас очекувам таа оставка да биде како и другите оставки, односно оставката на претседателот на градската мислам, мислам дека друга оставка немаше, да бидат образложени на централниот одбор, затоа што би било неодговорно оставките на носители на функции од најтесното раководство да завршат само со соопштение во јавноста или со информација во јавноста дека оставка е поднесена.
Oсобено како што и самиот рековте, ако во таа оставка се наведува дека разидувањето со концепт, со стратегија и начин на дејствување се спротивставува, тогаш веројатно јас да сум на нивно место би чувствувала обврска и должност спрема членовите на на органите на партијата да образложам зошто сум го направила тој чекор.
Има ли од друга страна поделби во рамки на пратеничката група на СДСМ во Собранието?
Не, од она што јас можам да го увидам во изминатава година и нешто како функционираме, не. Сме имале можеби различни гледања, различни размислувања за тоа дали во одредена ситуација треба да постапиме малку пожестоко или да имаме некој друг тип на стратегија, меѓутоа не би го нарекла тоа поделба, далеку од тоа.
Две недели по завршувањето на локалните избори, Собранието се уште нема одржано ниту една пленарна седница. На првата координација со пратеничките групи во Собранието, претседателот на законодавниот дом Африм Гаши кажа дека не е разговарано за нов кривичен законик. Тоа е нешто кое што изрично го бара и Европската комисија во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија. До каде е таа постапка и што се случува конкретно по ова прашање?
Многу е тешко да одговорам на ова прашање од позиција на опозиција, особено кога власта е поприлично затворена за суштински закони ќе кажам. Затворена од аспект на тоа дека или владата не ги поднесува или ги поднесува во скратена процедура преку група на пратеници и тоа е и забележано во извештајот на Европската комисија.
Не сметам дека она што го пишува во извештајот на Европската комисија, а јас секогаш им верувам на извештаите, затоа што тие ја отсликуваат реалноста. Европската комисија нема никакви причини, особено администрацијата во Брисел нема никакви причини да пишува во извештаите невистина, затоа што информациите, податоците ги добива на различни начини во различни во различно време.
Значи во текот на целата година се следи напредокот преку нивниот преку нивниот механизам, преку нивната методологија, се следи напредокот на државата и јас би рекла дека извештајот, не извештајчето дека е поприлично точен и ја отсликува реалноста во оваа држава.
Извор: РСЕ
Целиот текст ТУКА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место