Пицула, Фајон и Флекенштајн: Вие сте сонце во регионот, ја имате нашата целосна поддршка

Пицула, Фајон и Флекенштајн: Вие сте сонце во регионот, ја имате нашата целосна поддршка

„Лесно е да се заложиме за вас кога сте позитивен пример“, рекоа европратениците Тања Фајон и Тонино Пицула на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска, којашто се одржува во рамките на Регионалната конференција „Еден Балкан кон ЕУ”, во Скопје.

Двајцата европратеници сметаат дека Република Северна Македонија е сонце во регионот и веруваат дека новата методологија е позитивна за земјата.

Во рамките на Регионалната конференција „Еден Балкан кон ЕУ”, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шеќеринска одржаа средба и со Кнут Флекенштајн од Партијата на европски социјалисти, кој рече дека за почит е работата на Владата предводена од СДСМ, што покрај решавањето на отворените прашања со соседите, интензивно работи на реформи кои се во интерес на граѓаните, спомнувајќи ги мерките за раст на минималната плата, социјалните мерки и сериозните чекори коишто се преземени за стабилна економија.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …