ПИЈАНОФЕСТ-БИТОЛА, НОВ БРЕНД ОД СВЕТСКИ РАЗМЕРИ

За прв пат на Балканот, но и пошироко, се одржува меѓународен натпревар по пијано со учесници од 19 држави, од 3 континенти.

Во Битола по втор пат, се одржува меѓународниот натпревар „Пијанофест 2020“, на кој учествуваат 148 натпреварувачи од 19 држави од целиот свет: Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Малта, Литванија, Црна Гора, Молдавија, Белорусија, Хрватска, Израел, САД, Романија, Словенија, Јужна Кореа и Косово.

Натпреварот го организира здружението „Пијано”, чии основачи се пијанистките од Битола, Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски.

Оваа година, поради ситуацијата со Ковид- 19, натпреварот се одржува онлајн. Натпреварувачите ќе бидат оценети од врвно жири во состав: Даница Стојанова – Македонија, Милица Шкариќ – Македонија, Петар Младеновиќ – Србија и Маргарита Вујовиќ – Русија, Србија.

Во тек се оценувањата на пријавените натпреварувачи од страна на стручното жири, по што, после 20 декември ќе бидат објавени резултатите и лауреатите, а на најдобрите ќе им бидат доделени и парични награди.

„Пијанофест“ е нова успешна приказна за Битола, која го претставува градот и го популизира не само во домашни, туку и во светски рамки.

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …