Пинг понгарската федерација со значајна инфраструктурна поддршка за младинските школи

Пинг понгарската федерација со значајна инфраструктурна поддршка за младинските школи

Пинг-понгарската федерација (ППФМ) направи уште еден крупен чекор во патот кон континуирана поддршка на клубовите кои имаат младински школи. На поголем број клубови од целата земја кои имаат школи за млади играчи, федерацијата им донираше помош во вид на професионални пинг-понг маси, сертифицирани за натпревари според ИТТФ стандарди.

Исто така клубовите добија помош во друга опрема, како рекети, топчиња и останати реквизити за тренинг.

Овој гест на ППФМ всушност е само продолжување на агендата за поголема масовност на пинг-понгот и вклучување на поголем број млади играчи во процесот на тренинзи и натпревари. Целта на оваа донација е изградба на секој играч, во личност со здрави навики на живеење и почитување на фер-плејот во натпреварите.

Од ППФМ велат дека и во иднина ќе ги поддржуваат сите клубови кои имаат вклучено млади играчи во своите екипи. Исто така, ППФМ ќе ги помага и сите останати здруженија кои го практикуваат пинг-понгот како спорт.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …