Пингпонгарски настан по повод Меѓународниот ден на спортот за развој и мир

Пингпонгарски настан по повод Меѓународниот ден на спортот за развој и мир

По повод Меѓународниот ден на спортот за развој на мир, Пингпонгарската Федерација на Македонија (ППФМ) во соработка со пингпонгарскиот клуб „Младост 96“, а со помош на Општина Прилеп, денеска, трета година по ред, во Прилеп организираа пингпонгарски настан. На настанот учество зедоа ученици од основните училишта од општина Прилеп и општина Долнени.

Пингпонгарски настан по повод Меѓународниот ден на спортот за развој и мирЧеститајќи го Меѓународниот ден на спортот за развој на мир, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на спортистите и спортските работници им посака годинава да имаат уште поголеми успеси, како на локално, така и на државно и меѓународно ниво.

„Спортистите и спортските клубови од градот и годинава ќе ја имаат логистичката и финансиската поддршка од Општина Прилеп. Драго ми е што на распишаниот јавен повик за распределба на средства од општинскиот буџет, се јавија голем број спортски клубови и здруженија. Сите пристигнати барања за поддршка на клубовите ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за финансирање и буџет и веднаш после завршувањето на претседателските избори, средствата ќе бидат распределени“, истакна градоначалникот Јованоски.

Пингпонгарски настан по повод Меѓународниот ден на спортот за развој и мир„Веќе стана традиција овој пингпонгарски настан да го организираме токму во Прилеп. Не случајно Прилеп е избран за домаќин, бидејќи Прилеп е град со огромна традиција во пингпонгот. Тој бил, е и ќе биде расадник на таленти за овој, но и другите спортови. Се надевам дека оваа јавна активност ќе значи и промоција на пингпонгот, дека младите ќе се заинтересираат за овој спорт и дека од ден на ден ќе се зголемува бројот на пингпонгари како во Прилеп, така и во целата држава. Воедно, сакам да им се заблагодарам на градоначалникот на Прилеп, на локалната самоуправа и на пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ за несебичната помош во организацијата на денешниот настан“, изјави Горан Тилоски, претседател на Пингпонгарската Федерација на Македонија.

Инаку,Генералното Собрание на Обединетите Нации на 23 август 2013 година, усвои Резолуција со која 6 април се прогласува за Меѓународен ден на спортот за развој и мир. По тој повод, целото олимписко и спортско семејство, но и сите држави во светот, на овој ден организираат спортски, културни и уметнички манифестации.

Прочитајте повеќе

PR UltiMATH - Натпревар по математика

Награда од 10.000 евра во кеш: Започнува најголемиот математички натпревар за средношколци UltiMATH

За средношколците што сакаат да се натпреваруваат и да ги поместуваат границите на своето знаење, …