ДЗР: ПИОМ во 2023 година се соочува со финансиски дефицит од 33% за исплата на пензии

ДЗР: ПИОМ во 2023 година се соочува со финансиски дефицит од 33% за исплата на пензии

Со извршената ревизија за 2023 година изразено е неповолно мислење  за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) во 2023 година се соочува со финансиски дефицит од 33% за исплата на пензии, и покрај зголемените приходи од придонеси за 13% во споредба со 2022 година.

Ревизијата за 2023 година утврди:

  • Неповолно мислење за финансиските извештаи и усогласеноста со законите.
  • Недостатоци како неевидентиран имот, непотполно спроведен попис на средства и обврски, и неправилности во отпис на движни ствари.
  • Проблеми со идентификување на уплати за придонеси, што го попречува користењето на средствата за пензии.
  • Договори за закуп и јавни набавки без соодветни постапки.
  • Слабости во управувањето со станови и безбедноста на ИТ системот.

Во 2023 година, Фондот ангажирал 206 лица со договор на дело, но нема евиденција за нивното присуство или извештаи за извршена работа, што отвора можности за злоупотреби.

Во подрачните единици се забележани:

  • Неразрешени предмети од повеќе години.
  • Лоши хигиенски услови и несоодветно чување документи.
  • Недостаток на кадар и слаба координација со централата.

Соодносот меѓу осигуреници и пензионери изнесува 1:1,70, што претставува мало намалување од претходната година.
Дополнително, ревизорите укажуваат дека исплатата на финансиска помош на социјално ранливите категории во предизборниот период (февруари–април 2024) е спротивна на Изборниот законик, бидејќи исплатени се средства во износ од над 1,7 милијарди денари по распишување на изборите.

Прочитајте повеќе

Оксфам: Супербогатите стануваат сѐ побогати

Оксфам: Супербогатите стануваат сѐ побогати

Најбогатите луѓе во светот стануваат сѐ побогати, а некои капитали растат и до 100 милиони …