Пионерите на ФК „Прилеп“ генерација 2009, шампиони на Македонија

Пишува: Зоран Милошески

На неодамнешниот финален турнир на најдобрите 8 екипи од нашата држава кој се одржа во Скопје, пионерите на ФК „Прилеп“, генерација 2009 година ја освоија шампионската титула.

Како што истакнува нивниот тренер и воедно претседател на клубот, Тони Наумоски, патот до титулата не бил ниту лесен, ниту едноставен. Патот до завршниот турнир и освоената титула државен првак, започна со освеното прво место во Регионалната лига.

„На завршниот турнир на најдобрите 8 екипи, односно победниците на 8-те региони, одигравме 4 натпревари, забележавме 4 победи и на тој начин го освоивме првото место и титулата државни прваци за генерацијата 2009. ФК „Прилеп“ постои од 2005 година и потекнува од фудбалската школа „Тони“. Во истата таа година со генерацијата на фудбалери родени 1995 година беше освоен Купот на Македонија, а во 2008 година клубот за прв пат ја освои шампионската титула со генерацијата на играчи родени 1993 година.

Наумоски е горд што од неговиот клуб во изминатите години произлегле играчи кои денес настапуваат во прволигашки и второлигашки екипи, како во нашата држава, така и во странство.

„Марјан Радески денеска настапува во ‘Шкендија’, Марјан Наумоски и Лука Трајкоски во ‘Победа’, Давор Талески игра во Грција, Дарко Илиески во ‘Тиквеш’, Јорданчо Наумоски… Во клубот членуваат околу 120 деца родени во 2004, па се’ до 2011 година, со кои работат тренерите Владо Димоски, Божидар Милошески и тренерот на голманите Круме Митрикески“, истакнува Наумоски.

Наумоски потенцира дека Прилеп бил и останува “расадник“ на фудбалски таленти, заради што иднината на фудбалот во градот треба да се гради на сопствениот потенцијал.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …