ПИСМО: Пожртвуваноста на пожарникарите од ТППЕ Прилеп, спречи појава на пожари од невидени размери

Со својата спремност и ефикасност во работењето во сите сфери, користејќи ги сите расположливи ресурси и со огромна пожртвуваност на вработените, во изминативе неколку недели Територијалната противпожарна едници (ТППЕ) од Прилеп спречи пожари од невидени размери. На територијата која е под контрола на ТППЕ, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Тополчани и голем дел од атарот на Мариово, како на приватен така и на државен имот се појавија голем број на пожари кои се закануваа да предизвикаат штета од непроценливи размери.

Секојдневните апели кои беа упатувани до граѓаните, не вродија со плод. За спречување на неконтролираното горење и ширење на пожарите, беа потрошени огромни финансиски средства, беа амортизирани возилата на ТППЕ, а беа нанесени и друг вид на штети кои ќе се одразат на буџетот на Општина Прилеп.

Доколку кај дел од граѓаните проработеа разумот и совеста, тие средства можеа да бидат пренаменети за набавка на опрема и модернизација на и онака застарените возила.

Како професионален пожарникар, сакам да упатам уште еден апел до граѓаните: да ги зачуваме зеленилото и шумите кои придонесуваат за здрав живот и чиста животна средина, која сме должни да им ја оставиме во наследство на идните генерации.

Зоран Граороски, ТППЕ Прилеп

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче пред сопартијците: Тука сме да пристапиме на секој, да прашаме што му треба (ВИДЕО)

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета на Струмица разговараше со членството на СДСМ. При …