Плакати со порака „Путин оди си дома“ се појавија во неколку градови во северна Србија, поточно во Нови Сад, Зрењанин, Кикинда, Врбас, Бечеј…

На плакетите потпишана е организацијата „Млада Војводина“ која и во минатото била позната по ваквите акции. Тие кон крајот на ноември минатата година на плоштадот во Нови Сад залепија плакати на која стоело „Плоштад на република Војводина“, само еден ден откако претседателот Александар Вучиќ открил споменик на кралот Петар Караѓорѓе Први.

Овие плакати осамнаа пред посетата на претседателот на Русија Владимир Путин во Србија која се случува во моментов.

Извор: ТВ21