Плевнелиев: Бојкотот е голема грешка на ВМРО-ДПМНЕ

Плевнелиев: Бојкотот е голема грешка на ВМРО-ДПМНЕ

а Бугарија и член на Охридската група за поддршка на Македонија за членство во НАТО, Росен Плевнелиев во интервју за „Блумбергтв.бг“.

Тој вели дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ ги провоцирало  проевропските граѓани во државата да излезат на референдумот и дури 92 проценти од нив да гласаат „за“.

– Затоа, овој референдум за мене е успех. Многу жалам што народните претставници нема да бидат на висината на очекувањата – вели поранешниот бугарски претседател.

Тој во бојкотот од ВМРО-ДПМНЕ ја гледа продолжената рака на Кремљ и ја обвини Русија дека директно го финансира национализмот на Балканот за да предизвика поделби и остварување на руско влијание.

– Речиси сите националисти и популисти во регионот, вклучително и во Бугарија се директно финансирани од Русија и застапуваат геополитички интереси на Кремљ – оценува Плевнелиев.

Според Плевнелиев, сега Бугарија, како поразвиена земја подава рака на Македонија, иако претходно улогите биле обратни.

– Во многу аспекти, Западен Балкан заостана во многу работи. Се сеќавам на времето кога бев ученик, од Благоевград одевме во Штип на таканаречените „собори“. Тоа за мене беше вонземска држава. Убава, богата, имаше сè. А денеска гледате како благодарение на членството во НАТО и Европската унија, Бугарија доби шанса се разви многу подобро и ја претрка Македонија. И ако пред 30 години, Македонија била 10 години пред нас, сега е 10 години зад нас. Ние Бугарите ја осознавме својата важност и смее фактор на пријателство и стабилност во регионот. Бугарија, заедно со ЕУ и НАТО подава рака и предлага помош на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Така и со Македонија – има подадена рака, судбината чука на врата и зависи од нашите браќа во Македонија да го донесат вистинското решение – вели Плевнелиев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во …