По 9-ти пат крушевчани ќе го одбележат празникот „Дева“

Денеска, среда 5 јануари, во Крушево по 9-ти пат ќе биде одбележан празникот „Дева“. Празник кој своите корени ги влече од Русија и Украина, но првенствено од Романија, каде во минатото крушевчани оделе на печалба и од каде го донеле обичајот на славење на „Дева“.

Главен симбол на овој празник е Витлеемската ѕвезда, како предвесник на раѓањето Христово. „Дева“ е, всушност, славење на ѕвездата која ја следеле мудреците.

Одбележувањето на празникот ќе започне во 18.00 часот во градскиот парк во Крушево.

Прочитајте повеќе

Исчезнато девојче

Ни трага ни глас од исчезнатото 14-годишно девојче, лоциран е само последниот сигнал од телефонот

Последен сигнал од телефонот е околу 7.30 на булеварот „Партизански одреди“, односно кај ресторанот „Фитнес …