По блокадата на Бугарија, Советот на амбасадори ќе ја поттикнува идејата да се измени механизмот на одлучување во ЕУ

Советот на амбасадори во своите идни активности ќе ја поттикнува идејата за модернизирање на механизмот на одлучување во Европската Унија, врз принципот „консензус минус еден“, откако изрази големо разочарување што во моментов се блокирани пристапните преговори на Р.С. Македонија со ЕУ поради, како што велат од таму, непринципиелните ставови на Република Бугарија.

„Ваквите позиции на официјална Софија, во нашата јавност предизвикуваат и силна осуда, особено заради фактот дека блокадата на нашите евроинтегративни процеси доаѓа од само една земја-членка, и тоа од нашето непосредно опкружување“, се вели во соопштение испрaтено од Извршниот одбор на Советот.

Како што потенцираат оттаму, разновидноста на земјите-членки, создава реални можности, процесот на одлучување и за други важни прашања од структурен и организационен каракатер за функционирање на Унијата, да се соочи со сериозни проблеми врз постоечките принципи во ЕУ, како што овој декември тоа и се случи на Р.С.Македонија со блокадата од страна на само една земја-членка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …