По несреќата кај Ласкарци вонреден технички преглед и на градските автобуси во Скопје

По несреќата кај Ласкарци вонреден технички преглед и на градските автобуси во Скопје

Во Скопје се вршат вонредни технички прегледи на автобусите за градски превоз, по трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци, и поради тоа возниот ред ќе биде проретчен, односно автобусите ќе сообраќаат поретко. Денеска на ред се автобусите од линијата „19“, пишува „Порталб“.

Според информациите од Диспечерскиот центар од ЈСП, како што ќе биде извршен технички преглед, така автобусите ќе се вклучуваат на линиите, но можни се мали доцнења.

Претходно се вршеа вонредни технички прегледи на автобусите на фирмите од Гостивар, при што три автобуси беа прогласени за неисправни и исклучени за сообраќај.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Ќе се градат шест автопатски делници, Блаце-Скопје стартува овој месец

Мицкоски: Ќе се градат шест автопатски делници, Блаце-Скопје стартува овој месец

Ќе се градат шест нови автопатски делници, а проектот Блаце – Скопје почнува на крајот …