По повод 8.Април, кренато знамето на Ромите и поделени 330 пакети со прехранбени производи

По повод 8.Април, кренато знамето на Ромите и поделени 330 пакети со прехранбени производи

Со кревање на знамето на Ромите на јарболот пред општинската зграда, Општина Прилеп се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8.Април.

Почитувајќи ги препораките на Владата и Министерството за здравство, денеска на чинот на кревањето на знамето присуствуваа само градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски и двајцата претставници од ромската етничка заедница во општинскиот Совет, Адем Мамудоски и Самија Ајдини.

„На сите Роми им го честитам 8.Април, Меѓународниот ден на Ромите и пред се’ им посакувам добро здравје и подобар живот во иднина. За таа цел, заедно со претставници на ромската заедница го кренавме знамето на Ромите, за да почекаме дека сите сме еднакви и дека сме заедно во добро и во зло. Оваа година празникот го одбележуваме скромно но достоинствено, а во таа насока ќе биде и хуманитарната акција која ја спроведува Општина Прилеп, а со која на 330 семејства од населбата ‘Тризла 2’ ќе им бидат поделени пакети со храна и средства за хигиена. Сакам уште еднаш да упатам апел до сите граѓани на општина Прилеп да ги почитуваат препораките и мерките на Владата и на Министерството за здравство. Седете дома и вардете се“, изјави градоначалникот Јованоски.

Прочитајте повеќе

Фатмир Битиќи пензиите

Битиќи: Власта манипулира, пензиите всушност ќе се зголемат само за 1.000 денари

Во „Дневен клик“ на ТВ21 пратеникот на СДСМ, Фармир Битиќи рече дека новата влада манипулира …