По ракетниот тест, Ким ја претстави ќерката во јавноста

По ракетниот тест, Ким ја претстави ќерката во јавноста

По последниот тест на интерконтинентална ракета, од Северна Кореја доаѓа една новина – објавени се снимки на диктаторот Ким Јонг Ун, кој настанот го проследил заедно со семејството – сопругата и ќерката.

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун во меѓународната критика за најновиот тест на интерконтинентална ракета гледа доказ за способноста на својата земја да се одбрани од секаква атомска закана. Странските сили ја принудуваат Северна Кореја да го надоградува нуклеарното оружје со застрашвачка функција, секој напад врз  Пјонгјанг  би водел кон уништување на напаѓачот, ги пренесува неговите изјави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Државните медиуми во Северна Кореја известуваат дека Ким вчера (18.11.2022) лично го надгледувал  лансирањето на ракета  од типот Хвасонг-17, во придружба на неговата сопруга Ри Сол Ју, неговата „сакана ќерка“ и високи по ранг функционери. Фотографии објавени во државните медиуми го прикажуваат Ким како држејќи ја раката на девојче во бела јакна, стои пред огромна ракета натоварена на носечко возило.

Појавата на семејството на диктаторот во медиумите претставува премиера, чија цел е нејасна. Преурането би било од потегот да се извлекуваат заклучоци околу евентуален наследник на режимот на Ким, истакнува на пример Леиф-Ерик Исли од Евха универзитетот во Сеул. Чеонг Сеонг-Чанг од јужнокорејскиот Сејонг универзитет смета дека доколку Ким продолжи да ја носи својата ќерка на важни случувања, тоа би бил знак дека ја подготвува за свој наследник.

За приватниот живот на 38-годишниот Ким малку се знае. Според написи во јужнокорејските медиуми, тој има три деца, родени во 2010, 2013 и 2017 година.

Северна Кореја вчера лансираше интерконтинентална ракета  способна да носи атомска глава,  која потенцијално може да стигне до САД.  Владата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека тестот не претставува директна закана за САД, но со секој натамошен тест Северна Кореја ја збогатува својата способност, што е причина за загриженост.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …