По скоро две децении се чистат резервоарите за вода во Делчево

По скоро две децении се чистат резервоарите за вода во Делчево

По скоро две децении во Делчево се чистат резервоарите за вода. Со цел подобрување на квалитетот на водата за пиење, ЈПКД „Брегалница“ , покрај редовното чистење и перење на примарната и на секундарно водоводна мрежа, во текот на вчерашниот ден  изврши и чистење на резревоарот на мв Чуката по што  беше извршена и дезинфекција на објектот.  Како што истакна директорот на ЈПКД „Брегалница“ Стојче Стојковски, ваквите активности на претпријатието ќе продолжат и наредната недела за кога е планирано чистење, перење и дезинфекција на другиот резервоар во Делчево, по што ќе се пристапи и кон чистење на сите резервоари за вода во селските средини.

Во таа насока, а во рамките на проектот за изградба на нова пречистителна станица за вода за пиење, беше извршено подводно снимање на дното на акумулацијата Лошана. Снимањето го извршија нуркачи, а целта на оваа активност е да се види состојбата со внатрешноста на браната и талогот на дното од браната. Во текот на наредните денови ќе се изврши и скенирање на објектот брана Лошана.

Браната Лошана е изградена пред 10 години и има вкупен капацитет од 1.250.000 м3.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …