По врвиците на славниот Февруарски поход – традиционален планинарски марш во организација на прилепскиот Сојуз на борци

По врвиците на славниот Февруарски поход – традиционален планинарски марш во организација на прилепскиот Сојуз на борци

По повод 81-годишнината од Февруарскиот поход, Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Прилеп, во соработка со планинарските друштва од општина Прилеп го организира традиционалниот Планинарски марш по врвиците на славниот поход.

Маршот ќе се одржи во недела, 23 февруари со почеток во 07.00 часот.

Тргнувањето е од Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ (Участак), од каде учесниците со автобуси ќе бидат однесени до с.Плетвар. Оттаму, преку с.Лениште и спомен обележјето „Спасе Темелкоски“, учесниците на маршот ќе се упатат кон крајната дестинација – манастирот „Св.Димитрија“ во с.Селце.

Покрај членови на Сојузот на борци и планинарските друштва од Прилеп, на маршот ќе учествуваат и гости од други градови.

Поканата за учество на традиционалниот марш по врвиците на Февруарскиот поход, организаторите ја упатуваат до сите граѓани на Прилеп и останатите градови и населени места од Македонија.

Прочитајте повеќе

Тошковски

СДСМ: Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност?

Соопштение за јавност на СДСМ Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е …