„Победа“ ги резервираше првите засилувања: Спиркоски, Дигаловски и Момировски нови членови на прилепскиот клуб

„Победа“ ги резервираше првите засилувања: Спиркоски, Дигаловски и Момировски нови членови на прилепскиот клуб

На првиот ден од летниот преоден рок, прилепскиот второлигаш „Победа“ ангажираше три засилувања, со што нови „црвено-бели“ играчи станаа Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски.

26-годишниот Спиркоски практично по 5 години се враќа во „Победа“, откако по заминувањето од Прилеп ги бранеше боите на „Брегалница“, „Лабуништа“, „Силекс“ и „Велешта“. Станува збор за веќе докажан офанзивен играч за врска, кој треба да биде големо засилување за „Победа“.

Дарко Дигаловски (24 години), игра на стоперската позиција и треба да биде значајно засилување во одбраната на „Победа“ во новата сезона. Се работи за играч кој настапувал за неколку национални младински селекции. Со „Металург“ се натпреварувал во Првата лига, а играл и за „Тиквеш“, „Брегалница“ и „Саса“, од каде доаѓа во Прилеп.

Најмлад од тројцата нови фудбалери е 21-годишниот играч од средниот ред, Игор Момировски. Тој потекнува од младинската школа на „Пелистер“, каде настапувал и во сениорска конкуренција а минатата сезона беше стандарден првотимец на „Слога“ од Виница.

Со ангажирањето на првите три засилувања на стартот од преодниот рок, „Победа“ ја најавува својата најсериозна кандидатура за првото место во новиот второлигашки шампионат и враќање онаму каде му е местото на миленикот на прилепските љубители на фудбалот – во Првата лига.

До крајот на преодниот рок кој трае до 6 септември, се очекува „Победа“ да ангажира уште неколу квалитетни засилувања, со кои ќе се подигне квалитетот на тимот за остварување на зацртаната цел.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …