Денеска, на 66 годишна возраст, почина пејачот и фронтмен на култниот екс-ју бенд „Парни ваљак“, Аки Рахимовски.
Како што информираат хрватските медиуми, на Рахимовски утрово му се слошило и бил префрлен во болница во Ново Место, Словенија, каде што подоцна починал. Пред четири години, тој преживеал мозочен удар.
Александар Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш. Оттаму со семејството се преселил во Скопје. Како тинејџер членувал во неколку бендови, меѓу кои и на групите Вакуум, Блад брадерс и Тор, со кои настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година.
Истата година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ Хус и со Јурица Паѓен. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха, ја основаат првата постава на „Парни ваљак“.
Ако Рахимовски беше вокал на 18 студиски албуми на групата.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место