Почина актерката Мајда Тушар

Денеска почина Мајда Тушар (1950-2022), актерка во Драмски театар Скопје во периодот од 1972 до 2015 година.

Мајда Тушар дипломирала актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучила во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.

Нејзини поважни актерски остварувања се:

Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990).

Мајда Тушар е добитник е на следните награди:

1994г. Наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот.

1978г. Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“

1978г. Наградата „Војдан Чернодрински“ за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“

1999г. Награда за најдобра споредна улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“.

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …