снежана стамеска

На 79-годишна возраст почина актерката Снежана Стамеска

Денеска почина 79-годишната актерка Снежана Стамеска, соопшти Драмскиот театар Скопје. Таа беше првенка на овој театар и една од ведетите на македонското глумиште.

Стамеска димпомирала на Театарската академија во Белград во 1970 година, во Драмскиот театар Скопје работеше од 1971 до 2010 година кога се пензионира.

Нејзината актерска кариера беше исклучително плодна со повеќе од седумдесет улоги во Драмскиот театар Скопје и други театарски куќи.

Меѓу останатото, Стамеска имаше значајни телевизиски и филмски улоги. Таа стекнува голема популарност во 80-те и 90-те години од XX век преку улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова ’49 (1985), и Паца во „Викенд на мртовци“ (1985).

Посмртните останки на актерката Снежана Стамеска ќе бидат изложени утре на 9 септември од 10 часот во капелата на гробиштата Бутел, по што ќе се изврши погребот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Вкупно 26 тони пилешки батаци без коска зачинети со ризик од птичји грип, 20 тони …