• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Почина Џорџ Буш постариот

      1/12/2018
      Глобус, Македонија
      Почина Џорџ Буш постариот

      Поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот почина на 94-годишна возраст, соопшти во текот на ноќта преку Твитер портпаролот на семејството Буш.

      Џорџ Буш сениор беше претседател на САД од 1989 до 1993 година. Претходно, осум години беше потпретседател во времето на Роналд Реган. Џорџ Буш помладиот, кој со САД раководеше од 2001 до 2009 година, на Твитер кусо напиша дека тој и неговите браќа и сестри „со тага соопштуваат оти нивниот сакан татко починал по 94 години исклучителни години“.

      Џорџ Буш постариот почина само неколку месеци по својата сопруга Барбара Буш, со која беше во брак 73 години. Тој во последните години повеќепати беше во болница. Пред околу две и пол години, при пад во викендичката, скрши вратен зглоб, по што беше во инвалидска количка.

      George H. W. Bush mit Ehefrau Barbara 2004 (picture alliance/ZUMAPRESS.com) Џорџ и Барбара Буш на републиканска конвенција во Њујорк во 2004 година

      Од времето на неговото претседателствување во сеќавање ќе остане пред сѐ војната за ослободување на Кувајт. Посебен профил Буш сениор покажа по падот на Берлинскиот ѕид. Тој беше еден од малкуте западни претседатели кој отворено застана зад германското обединување, поради што беше постојано фален од страна на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.

      Ex-US-Präsdient George H.W. Bush gestorben (picture alliance/AP Photo/D. J. Phillip) Џорџ Буш сениор во последните години беше во инвалидска количка (на фотографијата со синот Џорџ Буш помладиот во април годинава, на богослужбата по смртта на сопругата Барбара)

      Џорџ Буш постариот, според историчарот Марк Апдегроув, немал добро мислење за Доналд Трамп и не гласал за него во ноември 2016 година, иако тој бил кандидат од неговата партија. Трамп не присуствуваше на богослужбата кога почина Барбара Буш. Претседателот соопшти дека нема да присуствува на церемонијата „од почит кон семејството Буш“.

      Извор: DW

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Усвоена Локалната младинска стратегија на општина Крушево
      Следно
      Усвоена Локалната младинска стратегија на општина Крушево
      400.000 Македонци имаат катаракта или дијабетес
      Претходно
      400.000 Македонци имаат катаракта или дијабетес

      Слично

      • 19/2/2019

        Телефонски разговор Заев - Саливан: Остануваме посветени на прашањата за

        Телефонски разговор Заев – Саливан: Остануваме посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и регионот
        19/2/2019

        Игор Југ се расплака во суд, Дурловски порача - пеење

        Игор Југ се расплака во суд, Дурловски порача – пеење химна не е тероризам
        19/2/2019

        Од 122 седница на Владата на РСМ: Усвоен Предлог закон

        Од 122 седница на Владата на РСМ: Усвоен Предлог закон за Агенција на национална безбедност како замена за УБК, нов Предлог-закон за инспекциски надзор
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА