Почина композиторот Енио Мориконе на возраст од 91 години, јави Индипендент.
Италијанскиот музичар, кој сними музика за повеќе од 400 филмови, почина утрово во кампусот Био-Медико во Рим, една недела откако доживеа пад во кој ја скрши „клучната“ коска.
Енио Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Познат по своите бројни филмски музички теми, напишал повеќе од 500 во целокупната своја кариера, од кои 30 напишал за вестерн филмовите. Сепак, најмногу познат е токму по нив. Неговиот карактеристичен и мошне имитиран стил на компонирање за овој жанр на филмови може да се долови преку музиката за филмот Добриот, лошиот и грдиот на режисерот Серџо Леоне со кого Енио Мориконе имал долга и плодна соработка.
Мориконее италијански композитор, добитник на престижната филмска награда Оскар.