Почина легендата на Формула 1, Ники Лауда

Почина легендата на Формула 1, Ники Лауда

Вчера на 71 годишна возраст, почина трикратниот шампион во Формула 1, Ники Лауда. Неговата здравствената состојба беше нарушена минатото лето, кога беше објавено дека го прекинал својот одмор поради напади од кашлица, за потоа да биде хоспитализиран во Виена и да му биде направена операција за трансплантација на белодробно крило.  Со тимот на Ферари, Лауда во 1975 и 1977 година стана шампион во Формула 1, а во 1984 година истото го направи возејќи болид на Мекларен. До денес тој е единствениот возач кому му успеало да дојде до титулата со двата легендарни тима.

Лауда ќе остане запеметен и по големата несреќа што се случи во 1976, за време на трката за Големата награда на Германија на патеката Нирбурринг, кога при судир неговото Ферари се запали, а тој седеше заробен во него скоро цела минута. Дел од неговото лице изгоре, а доби и оштетувања на белите дробови заради вдишување на отровни и жешки гасови. По неполни шест месеци тој се врати на патеките и следната година ја освои втората шампионска титула.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …