Александар Џамбазов

Почина маестро Александар Џамбазов, човекот што остави печат на многу децении во музиката

Почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, на 85-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Игор Џамбазов на својот Инстаграм-профил, каде напиша:

Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години, од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година.

Од својот Штип, овој македонски диригент и композитор со завршена Музичка академија во Белград, целиот работен век го минал во Македонската радиотелевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Беше композитор, диригент, на Скопскиот фестивал и на Златно славејче.

Добитник е на над педесетина награди.

Покрај синот Игор Џамбазов, познат глумец и шоумен, ја има и ќерката Тања Џамбазова.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …