Медлин Олбрајт

Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД

Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар во историјата на Соединетите Американски Држави, почина од канцер на 84 годишна возраст, објави нејзиното семејство, пренесе „Асошиејтед прес“.

И покрај тоа што беше дел од Демократската партија, таа работеше и со Републиканците, а во 1996 година беше одбрана од претседателот Бил Клинтон да биде врвниот американски дипломат. Претходно работеше како амбасадор на САД во Обединетите Нации, каде беше втората жена на оваа позиција во историјата, пишува АП.

Објавувајќи ја веста за нејзината смрт на Твитер, семејството на Олбрајт посочи дека таа починала од канцер и дека била опкружена од семејството и пријателите: „Загубивме сакана мајка, баба, сестра, тетка и пријателка“, се вели во објавата.

 

Набргу потоа беа објавени повеќе пораки со сочувство.

Поранешниот претседател  Бил Клинтон ја нарече „еден од најдобрите државни секретари, одличен амбасадор во ОН, брилијантна професорка и извонредно човечко суштество“.

„Бидејќи од прва рака знаеше дека американските политички одлуки имаат моќ да направат разлика во животите на луѓето ширум светот, таа гледаше на нејзините работни места и како обврска и како можност“, напиша Клинтон.

„И низ сето тоа, дури и до нашиот последен разговор пред само две недели, таа никогаш не ја изгуби својата одлична смисла за хумор или решеноста да излезе во јавност, поддржувајќи ја Украина во нејзината борба за зачувување на слободата и демократијата“, додаде тој.

Поранешниот претседател Џорџ В. Буш, пак, за Медлин вели дека „го живееше американскиот сон и им помогна на другите да го остварат. … Таа служеше како државен секретар со дистинкција како родена во странство и од прва рака ја разбираше важноста на слободните општества за мирот во нашиот свет“.

Претседателот Џо Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен информацијата за смртта на Олбрајт ја добиле додека летале за Брисел на итен состанок на лидерите на НАТО за Украина.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче во Гевгелија

Д-р Филипче од Гевгелија: Како пратеник ќе останам достапен за грижите, но и за идеите на граѓаните

Дочекан со аплаузи и овации, носителот на листа на Изборна единица 4, д-р Венко Филипче …